20 Април, 2024
0.0292

Катица Јанева го стега обрачот: И политичките партии кривично ќе одговараат!?

Политичката партија може да биде одговорна како правно лице, но досега ниту една политичка партија не одговарала за сторено кривично дело.

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалната јавна обвинителка бара кривична одговорност и за политичките партии. Катица Јанева смета дека индивидуалната казнена одговорност е недоволна, зошто некогаш криминалот се извршува во име на колективот и неговите интереси. Поради тоа, според неа, праведно е да се казни целиот колектив, а не само неговите поединци.

„Во оваа насока и според македонскиот кривичен законик, политичката партија може да биде одговорна како правно лице, но досега ниту една политичка партија не одговарала за сторено кривично дело. За разлика од многу земји во кои сè уште постои дискусија дали политичките партии треба да се сметаат за правни лица (особено во англосаксонските земји), во Република Македонија, кривична одговорност на политичките партии е предвидена во чл. 122 став 6 од кривичниот законик“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева.

Во таа одредба како правни лица се сметаат и политичките партии. Во повеќето земји, сè уште е тешко или невозможно да им се пропише казнена одговорност на политичките партии. Причините за тоа се правните пречки  или пак, најчесто недостиг на волја да се гонат политичките партии.

Политичките партии се носители на највисоките државни функции кога управуваат со државата, меѓутоа, сносат мала одговорност за своите постапки. За тоа постојат две главни причини, вели Јанева.

„Првата причина се состои во фактот што класичната доктрина на кривичното право ја отфрла можноста за колективна кривична одговорност,а втората причина е тоа дека владејачката партија, како создавач на правните прописи што ги регулираат нивните активности и ги дефинираат правата и обврските на одговорните лица, кои до одреден степен може да влијаат и врз судскиот систем, се во позиција да ја намалат можноста за санкционирање на своите постапки“, смета Катива Јанева.

 Токму ова доведува до создавање на системот „Власт без одговорност“, односно, од една страна, им овозможува на политичките партии власт и функции, додека, пак, од друга страна, ризикот за санкционирање нелегални активности е минимален или не постои.

Јанева порачува во посебниот дел од кривичниот законик за тоа кривично дело да е предвидена кривична одговорност на правното лице, а дејствијата на одговорното лице во правното лице да бидат преземени во име, за сметка или во корист на правното лице.

ВМРО-ДПМНЕ најбогата партија, донациите од сомнителни извори

Досега ниту една политичка партија во Македонија не одговарала за кривично дело. СКУП Македонија вчера објави истражување за имотот на политичките партии и обелодени дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ поседува објекти, земјоделско земјиште, пасишта, сето тоа со проценета вредност од 60 милиони евра, а само партиското седиште во центарот за Скопје се смета дека е вредно 40 милиони евра.

За споредба централистичката партија во Швајцарија поседува имот од 53 милиони евра, а партијата на Ангела Меркел има имот вреден 50 милиони евра. Растот на имотот на ВМРО-ДПМНЕ почнува во 2006 година. Но, засега партијата на власт не била предмет на истрага, иако нејзини поединци како носители на власт се осомничени во повеќе случаи кои ги отвори СЈО за злоуптреба на службената положба и финансиски малверзации.

Финансирањето на политичките партии се уште е табу тема. И покрај тоа што партиите секоја година имаат обврска да го пријават секој денар што се слева на нивната сметка, сепак мистерија е кои се вистинските донатори.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ минатата година собрала најмногу донации на својата сметка или речиси 1,5 милиони евра. Сите донации биле од физички лица, со исклучок на две правни лица.  Во листата на донатори го нема лидерот Никола Груевски, ниту пак клучните лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. За оваа партија минатата година донирале вкупно 3,675 физички лица, најголемиот дел од парите, или 73 проценти од вкупните донации биле дадени во само 12 дена.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд