19 Април, 2024
0.0276

„Катимерини“: Периодот од ноември до февруари ќе биде клучен за преговарачкиот процес

Објавено во: Македонија, Балкан 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека периодот од ноември до февруари ќе биде клучен за активирање на преговарачкиот процес за спорот со името меѓу Македонија и Грција, како и за постигнување прогрес по тоа прашање. 

Медијаторот Метју Нимиц, ќе биде мошне активен во овој период, имајќи ги предвид резултатите од изборите во Македонија, пишува весникот. 

„Настапот на Заев, кој од Западот се смета за умерен политичар, кој има капацитет да ја води земјата на патот кон европските и евроатлантските интеграции, ги изненади и најпрецизните аналитичари, кои предвидуваа одреден баланс на силите меѓу двете партии“ - пишува  „Катимерини“.

„Катимерини“ наведува дека резулатите од првиот круг од локалните избори во Македонија, на кои убедлива победа понесе коалицијата предводена од СДСМ на актуелниот премиер Зоран Заев, а голем пораз претрпе опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски ќе бидат фактор за забрзување и напредок во преговарачкиот процес меѓу Атина и Скопје за решавање на спорот со името.

Политичките аналитичари велат дека резултатите од првиот круг од изборите, на кои СДСМ освои 37 општини, а ВМРО-ДПМНЕ три, ќе доведе до тоа меѓународните фактори да го забрзаат процесот за решавање на името.

Атина, додава весникот, го следи развојот на настаните во земјава и очекува дека реториката, која ја користат Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе соодветствува со практичните чекори што ќе ги преземаат за постигнување компромис за името. 

Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата