20 Април, 2024
0.0267

КАЗНА НА ВЕКОТ: Гигантот „Гугл“ доби солена казна од Европската унија

Објавено во: Стил 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Европската унија на Гугл му изрече рекордно висока парична казна од 2,7 милијарди долари.

Според регулаторите на ЕУ, Гугл ја злоупотребил својата пазарна доминација бидејќи на своите комерцијални сервиси им давал приоритет во резултатите на пребарувањето.

Веќе со години ЕУ го истражува случајот на услуги Google Shopping. При нејзиниот развој Гугл, сметаат во ЕК, ја искористил својата доминантна положба на пазарот на пребарување на Интернет како би ја промовирал својата нова услуга.

Споредбата на производи по пат на Гугл пребарувачот ги наведува корисниците на купување по пат исто така на услуги на Гугл што се смета за нелојална конкуренција и кршење на антимонополски правила на ЕУ.

Случајот го води комесарката на ЕК за конкуренција Маргарет Вестагер, а со паричната казна компанијата добила обврска во зададен рок да понуди решение за укиниување на нечесни бизнис пракси.

Ако тоа не го направи, Гугл би можел да се соочи и со дополнителни пенали за секој ден доцнење (во висина од 5 отсто од вкупните дневни приходи).

Од компанијата засега кратко се огласија „Со должна почит, не сме согласни со пресудата.“

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган