Казни за оние кои само шетаат, а не купуваат ништо!
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2013
Градоначалникот на Дубровник Андро Влахушиќ најави пресметка со оние кои само шетаат во „Страдун“, а ништо не купуваат.
„Сите оние кои само шетаат по познатото дубровничко шеталиште „Страдун“ а ништо не користат и не плаќаат ќе бидат казнети“, рече Влахушиќ.
Тој најави и распишување концесија за возење автобус од градскиот предел Груж до Пила. Автобусите кои поминуваат покрај пределот Илјине, ќе плаќаат за поминување 200 евра годишно.