24 Април, 2024
0.0263

Ќе преживее ли европската цивилизација до крајот на векот?

Објавено во: Анализа, Свет 12 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Европа го доживува најголемиот масовен егзодус од времето на Втората светска војна, посочува познатиот американски политички коментатор и автор Пет Бјукенен, поставувајќи прашање дали европската цивилизација ќе преживее до крајот на XXI век.

Европа не е во можност да преземе милиони имигранти кои бегаат од војна во регионите како Блискиот Исток и Северна Африка; тие доаѓаат од други цивилизации и култури и ќе го променат лицето на Европа засекогаш, забележува Бјукенен.

„Заканите што произлегуваат од масовниот егзодус во Европа, се претвораат во егзистенцијални. Може ли цивилизацијата да ја преживее замената на луѓето кои ја создадоа, со луѓе од други раси, религии и цивилизации? Прашајте ги Индијанците (домородното население на Америка)“, пишува Бјукенен во својот напис за „The American Conservative“.

„Европа ќе остане ли Европа, ако таа биде населена од Арапи, Муслимани, Азијци и Африканци? Што ќе ја држи Европа заедно? Слободната трговија?“, Прашува американскиот аналитичар.

Бјукенен потсетува дека за разлика од САД, Европа никогаш не била подложена на масовна миграција.

Всушност, од 1890 до 1920 година Америка била соочена со огромен прилив на имигранти. Сепак повеќето од нив биле од Европа, претежно христијани.

Оние кои ја преплавија Европа сега, се претставници на други цивилизации и култури. Тие не се подготвени да се асимилираат во европската заедница, но наскоро ќе се обидуваат да го штитат својот сопствен културен идентитет, создавајќи енклави, „за да ги репродуцираат териториите од каде доаѓаат“, нагласува Бјукенен.

Работите се комплицираат дополнително од она што не и се гледа крајот на миграцијата од Африка и Блискиот Исток.

„Дотогаш, границите на Европа остануваат отворени, а тие ќе доаѓаат. И луѓето кои сакаат да доаѓаат не бројат само милиони, туку десетици и десетици милиони. И тие знаат како да стигнат до таму“, пишува уште американскиот автор.

Желбата на милионите луѓе да избегаат од војна, терор и сиромаштија и да побараат подобар живот во Европа е сосема разбирливо. Меѓутоа, се поставува прашањето: „Европската цивилизација ќе преживее ли до крајот на векот?“, Прашува конзервативниот коментатор, повикувајќи се на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Со нивоа на наталитет во овој најмал и најмалку населен од континентите под нивоата кои дозволуваат замена на населението со децении, Европа старее, и умира, додека ќе трпи напади и промени засекогаш“, предупредува Пет Бјукенен.