29 Март, 2024
0.0234

Ќе се формираат ли кооперативи пред есенската сеидба?

Објавено во: Агробизнис 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Здружението за земјоделска техника на Република Македонија повикува на почетокот на подготовките за есенската сеидба да се разгледа можноста за формирање кооперативи.

„Апелираме бидејќи почнува припремата, преработувачите да ја разгледаат можноста да се направат кооперативи за новата производствена сезона со земјоделските производители, при што од самиот почеток би имале финансиско учество како и друг вид на парична помош во целокупниот производствен процес со што би стекнале целосно право да ја диктираат откупната цена на пченицата, но и меѓудржавната спогодба со Србија за анализи, фитосанитарни и друго пропратни документи, за нивната висина, услови, при увоз на недостатокот на брашно и сточна храна“ - стои во денешното соопштение од Здружението.

Додаваат дека пченицата како стратешка култура и другите житарици заслужуваат поголемо внимание. Според нив, потребна е јасно дефинирана концепција во планирањето на производствената технологија и пазарните услови во државата.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи