25 Април, 2024
0.0306

Ќе се прави контрола на земјоделски производи во поплавените места

Објавено во: Агробизнис 19 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Ќе се направи строга контрола на земјоделските производи од поплавените подрачја во скопско.

Онаму каде што ќе се забележи контаминација, тие производи ќе бидат соодветно уништени, информираат од Државниот инспекторат за земјоделство.

На излезот на селата ќе бидат поставени пунктови за проверка. Од Државниот инспекторат за земјоделство велат дека се формирани повеќе тимови составени од фитосанитарни инспектори, кои ќе треба да ги посетат сите населени места погодени од невремето. Ќе треба да се утврдат еветуални остатоци од градинарски производи кои што евентуално би можеле да се пласираат на пазарите.

Ако се констатираат остатоци од овие производи, ќе бидат земени примероци за анализа за да се утврди нивната безбедност при евентуална употреба.

Министерството за земјоделство ќе ја испитува почвата во поплавените подрачја. Примероци ќе бидат однесени на анализа во лаборатории и за 10 дена ќе се знае дали земјоделците ќе можат повторно да ги сеат и обработуваат нивите, беше соопштено деновиве.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади