24 Април, 2024
0.0271

Ќе се зголеми помошта за купување на високо приносен добиток

Објавено во: Агробизнис 13 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Oд 2017 година  поддршката за сточарите ќе биде зголемена од 50 на 80 %.

Фармерите ќе добијат државна поддршка од 80% за набавка за високо приносен добиток.

Ова го соопшти заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски. Тој додава дека  субвенционирањето на младите земјоделци ќе продолжи и понатаму и со измените на Законот за земјоделство и рурален развој.

„Сите сточари ќе може да аплицираат за државна поддршка за набавка за високо приносен добиток. Ако сточарот треба да одвои 40.000 евра за набавка на 10 грла на добиток, 32.000 евра ќе  му бидат исплатени од страна на државата, од Централниот буџет преку програмата за рурален развој“ - кажа Костадиновски.

Во нашата земја поголемиот дел од добитокот не е со висок генетски потенцијал и е потребно преориентирање кон обезбедување на високо приносен добиток.

Ваквиот добиток ќе се обезбеди подобар квалитет на производот,  млеко или месо, поголем период на лактација кај добитокот кој дава млеко и поголема месна маса кај добитокот кој е наменет за производство на месо. Со тоа ќе бидат поголеми и шанси за конкурентност на европскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари