20 Февруари, 2018
0.6288
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

Ким Јо Џонг: важна фигура во Севернокорејската политика

Објавено во: Свет 11 Февруари, 2018

Појавувањето на Ким Јо Џонг на Зимските олимписки игри вo Пјонгчанг ја разбранува јавноста. Таа претставува клучна фигура и моментално мост за одредени пораки помеѓу Северна и Јужна Кореја. 

Имено, се шпекулира дека нејзиното присуство таму е за да пренесе порака од својот брат, Ким Џонг Ун, севернокорејскиот лидер кој ги води тајните на севернокорејската државно-партиска хиерархија. 

Таа на почетокот на својата кариера била заменик директор на секторот за пропаганда на владејачката  Работничка партија, за во октомври минатата година да стане заменик на Политбирото, највиското тело кое донесува одлуки.

Интересно е да се каже дека за Северна Кореја се многу важни семејните односи, па затоа и Ким Јо Џонг добива толку силни и важни улоги како шефица на кабинетот на Ким Џонг Ун, таа го надгледува пристапот на  врховните лидери, ги утврдува јавните обврски на својот брат, а честопати се појавува и место него.

Во јануари, САД ја става на црната листа на луѓе и забранува секаков контакт со неа. Причина за тоа е  кршење на човековите права во Северна Кореја. Сепак, оваа одлука е повеќе симболична, таа не се наоѓа на листата на која на  некои граѓани од Северна Кореја им е забрането да патуваат во странство.


Можеби ќе ве интересира

Убиените руси во Сирија не биле припадници на руската војска

Убиените руси во Сирија не биле припадници на руската војска

(ВИДЕО) БИБЛИСКО НЕВРЕМЕ: Паѓаше град со големина на тениска топка

(ВИДЕО) БИБЛИСКО НЕВРЕМЕ: Паѓаше град со големина на тениска топка

Јапонец добил старателство над 13 деца

Јапонец добил старателство над 13 деца

Нападната и навредувана муслиманка која носела бурка

Нападната и навредувана муслиманка која носела бурка

(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИ ГО УНИШТУВААТ ОРУЖЈЕТО: Видеа се шират на Фејсбук

(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИ ГО УНИШТУВААТ ОРУЖЈЕТО: Видеа се шират на Фејсбук

Трагедијата на Флорида иницијална каписла за поголема контрола за оружје, Трамп со поддршка за контрола

Трагедијата на Флорида иницијална каписла за поголема контрола за оружје, Трамп со поддршка за контрола

(ВИДЕО) ПОПЛАВИТЕ СТИГНАА: Луѓето се евакуираат поради налетот на Гита

(ВИДЕО) ПОПЛАВИТЕ СТИГНАА: Луѓето се евакуираат поради налетот на Гита

СЗО: Алармантна е бројката на заболени од морбили

СЗО: Алармантна е бројката на заболени од морбили

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО СУМАТРА: Се разбуди опасен вулкан по четири века

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО СУМАТРА: Се разбуди опасен вулкан по четири века