КИМ СО НОВ УДАР ЗА ТРАМП: „Скапо ќе плати поради заканата за Северна Кореја“
Објавено во: Свет 22 Септември, 2017
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун денес изјавил дека американскиот претседател Доналд Трамп е „ментално пореметен“ и дека „скапо ќе плати“ поради заканите кои и ги упатил на Северна Кореја пред Обединетите нации.
„Скапо ќе плати тој човек кој е врховен командант на САД поради говорот во кој повикува на целосно уништување на Северна Кореја“, порача Ким, пренесе агенцијата КЦНА.
Во говорот во Генералното собрание на ОН, Трамп во вторникот изјави дека САД „ќе ја уништат Северна Кореја ако бидат приморани да се бранат себе си и своите сојузници“.
Ким, за кој Трамп рече дека е „човек-ракета во самоубиствена мисија“, го осудил „менталното пореметено однесување на американскиот претедател кој пред ОН отворено изјавил дека сака да уништи една суверена земја“.
Тој рекол дека изјавата на Трамп само ја зацврстила довербата дека патот кој го одбрал е вистински.
Трамп вчера воведе нови санкции за поединци и компании кои соработуваат со Северна Кореја.