Кина и Русија го почнаа процесот на „елиминирање“ на доларот
Објавено во: Економија 05 Декември, 2017
Централната Банка на Русија наскоро ќе издаде државни обврзници кои ќе бидат во кинески јуани, наместо во американски долари со рочност од 5 години. Русите очекуваат огромен интерес кај инвеститорите од Кина кои сакаат да навлегуваат на нови финансиски парази, а на овој начин ќе се намали зависноста од валутата на САД која доминира на повеќе светски берзи, како и во меѓусебните односи меѓу државите и инвеститорите.
Се очекува Централната банка на Русија да издаде обврзници кои ќе имаат вредност од вкупно 6 милијарди кинески јуани што е приближно на 900 милиони долари. Доколку финансиските операции се покажат како успешни аналитичарите прогнозираат создавање на сосема нови трендови во инвестирањето во државни хартии од вредност.
„На овој начин постепено ќе се замени системот на спогодби во долари, меѓу договорните страни, каде САД најчесто доминираат и не ги профаќаат во целост Русија или другите земји како еднакви партнери“, вели Пјетр Пушкарев шеф на аналитика на TeleTrade.
Втор бенефит за Русите е што ќе ги тампонираат последиците од американските санкции наметнати врз купувањето на државни руски обврзници па така државата ќе добие нови средства за својата ликвидност и ќе се приближи до Кина како нов значаен економски партнер.
Државните обврзници на Русија во кинески јуан ќе имаат каматна стапка од 3.2 посто, а кинеските државни осигурувања гарантираат принос од најмалку 3.6 до 3.9% годишно.