Добивај вести на Viber
Европската унија добила предупредување од Кина на ескалација на билатералните трговски спорови, повикувајќи го Брисел да се откаже од отворање на истрага против кинески телекомуникациски компании, како и од воведување на данаци на кинеските соларни панели.
Европската комисија соопшти дека ќе отвори антидампиншка и антисубвенциска истрага против кинески телекомуникациски компании, доколку билатералните договори завршат со неуспех. Таквата одлука следи по извештајот со кој официјален Брисел планира воведување на антидампиншки данок од 68 отсто на кинеските соларни панели.
Портпаролот на кинеското министерство за трговија Шен Данјенг изјавил дека европските телекомуникациски компании имаат далеку поголем пазарен удел во Кина за разлика од кинеските компании што имаат во ЕУ и дека било која трговска акција на Брисел ќе им наштети на двете страни.
-Се надеваме дека ЕУ нема да преземе акции кои може да им наштетат на двете страни“, рекол Данјенг.
Официјални податоци од ЕУ покажуваат дека вредноста на годишниот извоз на кинеската телекомуникациска опрема во ЕУ е околу една милијарда евра.