Кина ќе вложи во зелена енергија кај еден од соседите
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2017
Кина ќе вложи висока сума на пари кај јужниот сосед.
Државната кинеска компанија SHENHUA GROUP CORPORATION LIMITED ќе инвестира 3 милијарди евра кај грчката COPELOUZOS GROUP.
Двете компании ќе бидат партнери за развој на зелената енергија и за еколошката модернизација на постројките за производство на струја во Грција и во трети земји.
SHENHUA GROUP CORPORATION LIMITED е најголемиот производител на јаглен во светот и еден од најголемите производители на енергија во Кина. Ова важи како за конвенционални, така и за обновливи извори.
COPELOUZOS GROUP е една од најголемите инвестициски групи во Грција во секторот на енергетиката и инфраструктурата.