Кина оди напред: Се гради најголемиот автопат во пустина
Објавено во: Свет 26 Септември, 2016
Најголемиот автопат во пустина во светот беше пуштен во експлоатација. Тој се наоѓа во Внатрешна Монголија, Северна Кина и е долг 900 километри.
Автопатот го поврзува округот Линхе со Баигеда и е дел од проектот за поврзување на Пекинг со Урумки во Ксинџијанг-ујгурски автономен регион.
Предвидено е по завршувањето на проектот, должината на автопатот да биде над 2 илјади километри. Патот од Пекинг до Урумки треба да биде пуштен во употреба во јуни 2017 година.
Со неговата изградба времето за патување меѓу двата града ќе се скрати за околу десетина часа.
Автопатот е дел од кинеската патна иницијатива, како планот е да се изгради пат кој ќе ги поврзува Азија и Европа, и кој ќе достигнува до холандскиот град Ротердам, пишуваат светските медиуми.