19 Април, 2024
0.0259

Кина рај за фалсификатори: Еве ги 10-те најчесто запленувани производи на граница!

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Американската економија губи по 250 милијарди долари годишно како резултат на фалсификуањето производи. Само мал дел од овие стоки, сепак можат да бидат откриени и запленети од властите. Само во 2012 година, во САД биле запленети производи вредни околу 1.26 милијарди долари, произведени во странство. Секоја запленета пратка во просек чинела по околу 10 450 долари. Еве и кои се 10-те најчесто фалсификувани стоки: 10. Играчки Вредност на запленети стока: 13,6 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 1% Играчки во вредност од 10.5 милиони долари произведени во Кина беа запленети во САД во 2012 година. 9. Етикети / декларации Вкупна вредност на запленети стока: 26.3 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 2% Од сите запленети етикети и декларации, оние кои дошле од Кина имале вредност од 7.3 милиони долари. Конфискувани се и лажни етикети вредни 3 милиони долари од Хонг Конг. 8. Компјутери / компјутерска опрема Вкупна вредност на запленети стока: 34.7 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 3% Вкупната вредност на фалсификуваните компјутери и опрема запленети во 2012 година е повисока за 50% повисока во споредба со 2011 година. 7. ЦД и ДВД Вкупна вредност на запленети стока: 38.4 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 3% Иако вредноста на овие производи изнесува само 3% од вкупните заплени во 2012 година, вакви производи биле откриени околу 2 900 пати во текот на 2012, па според тој показател се рангирани на трето место. 6. Фармацевтски / Козметички производи Вкупна вредност на запленети стока: 83.0 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 7% Конфискуваните производи во оваа категорија, кои се произведени во Кина, биле вредно 46.9 милиони долари. 5. Обувки Вкупна вредност на запленети стока: 103.4 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 8% Вредноста на запленети производи надминува 100 милиони долари. Традиционално поголем дел од конфискуваните фалсификувани производи се патики, но во последно време процентот на фалсификати на луксузни чевли се зголемува. 4. Електроника / делови Вкупна вредност на запленети стока: 104.4 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 8% Електроника од Кина вредна  71.5 милиони долари била запленета во САД минатата година. 3. Облека / додатоци Вкупна вредност на запленети стока: 133.0 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 11% Производите од оваа категорија беа запленети во 7 800 случаи минатата година, а вредноста на овој тип запленета роба која доаѓа од Кина била над 97 милиони долари. 2. Часовници / Накит Вкупна вредност на запленети стока: 187.0 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 15% Главен играч и во оваа категорија е Кина од каде дошле запленети часовници и накит вредни 91.3 милиони долари. Околу 98% од фалсификуваните стоки кои влегуваат во САД од Сингапур се токму часовници и накит. 1. Женски чанти / паричници Вкупна вредност на запленети стока: 511.2 милиони долари Процент од вредноста на сите запленети стоки: 40% Конфискуваните фалсификувани женски чанти и паричници имаат огромна предност во однос на пазарната вредност пред сите други категории. Вкупната вредност на овие производи во 2012 скокала за 142.2% во споредба со 2011 година.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре