Кина се подготвува за најлошото - Армијата се мобилизира за можна војна
Објавено во: Свет 26 Јули, 2017
Според разузнавачки извештаи кинеската армија веќе два месеца води интезивни подготовки на долгата граница со Северна Кореја во полн капацитет речиси исто како да се подготвува за потенцијален напад со хемиско или нуклеарно оружје.
Контролните точки на границата се под 24 часовен видео надзор, се зголемува опремата и вооружувањето, се прават тактички подготвки на пешадиските единици кои се засилени со офанзивни хеликоптери и артилерија, а се зголемува и мобилизацијата на војници.
Ваквиот потег на Пекинг воените аналитичари од САД го оценуваат како подготовка за најлошото сценарио. Режимот на Кинг Џонг Ун продолжува со тестирање на опасни боеви глави со висок дострел кои може наскоро да бидат вистинска закана за САД и да се искористат за лансирање на нуклеарен напад.
Во таков случај САД ќе мора воено да интервенира, а Кина нема да се вмеша директно туку ќе се подтовува за евентуална бегалска криза или пак за прелевање на конфликтот на нејзина територија.