КИНА: За оваа работа конкурирале 10.000 луѓе
Објавено во: Економија, Свет 27 Октомври, 2016
На огласот кој го објави партијата за демократска лига во Кина за едно работно место, стигнале скоро 10.000 апликации.
Овој податок го објави самата партија. Описот на работното место било дочекување на странки во партијата и организирање на званични активности и конференции.
Од 9.837 пријавени кандидати, 5 ќе бидат повикани на разговор.
Партијата е основана во 1941 година и е една од осумте помали партии кои можат да учествуваат во носење на одлуки, под услов ако ја поддржуваат владејачката партија.