КИНЕСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ТРУПА БОГАТСТВО: Џек Ма преку ноќ „тежи“ 3 милијарди долари
Објавено во: Економија 09 Јуни, 2017
Нето богатството на Џек Ма е зголемено преку ноќ за 2,8 милијарди долари.
Тоа се случи откако неговата компанија Алибаба објави процена дека во фискалната година, завршена во март 2017, остварила раст на приходите помеѓу 45 и 49 отсто, надминувајќи ги прогнозите на било кој аналитичар.
Акциите на Алибаба, најголемата кинеска компанија за електронска трговија, чиј сопственик и директор е Ма, скокнаа посла таа објава за 13 проценти на рекордно ниво.
Џек Ма, сега е најбогат човек во Азија и 14-ти најбогат човек на светот, според индексот на милијардери на Блумберг.
Нето вредноста на неговиот имот оваа година порасна за 8,5 милијарди долари на 41,8 милијарди долари.
Алибаба и неговиот „Tencent Holdings“-од кои првиот доминира во онлајн трговијата, а а вториот во социјалните медиуми-се насочија на нови области на бизнис почнувајќи од услуги на сметководство „во облак“ до музчико и видео стримиг, бидејќи економијата на земјата забавува.
Напоменувајќи дека Алибаба секоја година ги ревидира своите 10-годишни планови, Ма изнел проценки дека неговата компанија ќе стане најголема во светот до 2036 година, пружајќи и услуги на растечката кинеска средна класа, користејќи ја предноста на глобалната трговија и користејќи ја својата ризница на драгоцени податоци.