Кинез си порача Ајфон за 12 милиони евра
Објавено во: Стил 16 Април, 2013
Ако имате вишок од околу 12 милиони евра, фрлете око на овој единствен примерок на „iPhone 5“.
Изработен е од 24-каратно злато (речиси 135 грама), 600 бели дијаманти, додека екранот му е прекриен со сафирно стакло.
Единственото копче на iPhone 5 (таканареченото „домашно копче“) е заменето со голем црн дијамант.
Автор на овој екстравагантен смартфон е Стјуарт Хјуџ, познат по луксузните гаџети, а е направен за непознат кинески бизнисмен.