Кинезите имаат поголеми плати од работниците во овие земји
Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2017
Кинезите по висината на платите достигнаа или надминаа некои од европските земји.
Работниците во Шангај примаат повисоки плати од работниците во Литавија, Естонија, Латвија. Нивните плати изнесуваат во просек по 1135 долари, а во Пекинг се заработува по 983 долари. За споредба во Хрватска просекот е 887 долари, пишува Форбс.
Во последните 10 години голем број работници од Источна Европа работа најдоа на пазарите во ЕУ. Кинезите заработуваат повеќе од Албанците, Романците, Бугарите, Црногорците, Хрватите.
Растот на платите во Европа ќе зависи од Кина.
Кинескиот удел во светската трговија во 1990 година беше само 2%, а сега се искачи на 15%.
Поради евтината кинеска роба, сега и производите од Источна Европа се со ниски цени.