25 Април, 2024
0.0272

Кинезите ја направиле првата трансплантација на глава

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Кинески лекари го направиле првото во историјата успешно пресадување на човечка глава, соопшти италијанскиот хирург Серџо Канаверал, кој уште во 2015 година изјави дека се подготвува да изврши таква операција.

Првата трансплантација е направена врз труп. Следниот чекор е операција на глава од донатор со регистрирана мозочна смрт, вели Канаверал, цитиран од британскиот „Телеграф“ и руската ТАСС.

Сложената операција е направена од лекарите од медицинскиот универзитет во Харбин и траела 18 часа. „Во 2015 јас сметав дека за таква трансплантација ќе бидат потребни 36 часа, но Кинезите успеале да го намалат за половина времето“, истакнал Канаверал. Во наредните денови ќе бидат објавени медицинските детали за трансплантацијата.

Канаверал коментира дека неговата цел останува трансплантација на човечки мозок во донаторско тело. „Првичната моја цел не беше пресадување на глава, туку на мозок. Кинезите имаат поставено за цел да излекуваат неизлечиви болести. Мојата цел е да го продолжи човечкиот живот, бидејќи сметам дека стареењето е болест која треба се лекува“, коментира Италијанецот.

Во 2015 рускиот програмер Валериј Спиридонов даде согласност италијанскиот хирург да изврши трансплантација на неговиот мозок. Спиридонов страда од вродена спинална мускулна атрофија - болест, при што мускулите и коските на болниот престануваат да се развиваат уште во раното детство. Болеста напредува со секоја следна година и Русинот го контролирал тешко телото, поради што се согласил на операцијата, иако ризик било да не преживее по неа.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти