Кипар бара солидарност, ЕУ ја одложува помошта
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2013
Жан-Клод Јункер, претседателот на Еврогрупата смета дека е потребно повеќе време за спасувачкиот план за Кипар. Според него, не се очекува да биде најдено решение во текот на овој месец, туку ќе биде потребно повеќе време.
Инаку уште вчера германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека нема да има специјални услови за спас на Кипар, бидејќи истите правила важат за сите. Истовремено, владините партнери на Меркел изразија сериозни сомневања за тоа доколку е можно германскиот Парламент да одобри спасувачки пакет за Кипар.
„Никогаш не сме барале посебен однос. Тоа што го сакаме е солидарност“,побара кипарскиот владин портпарол Стефанос Стефану.