25 Април, 2024
0.1702

Кипар го тресат скандали

Објавено во: Свет 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Jавноста во Кипар е шокирана по написите за префрлање огрмни суми пари од банки во странство на роднини на кипарскиот претседател,  политичари, како и за отпишани долгови на политичари, објави весникот Етнос.

Според весникот, скандалозниот список е долг и вклучува не само роднини и блиски на претседателот туку и имиња на политичари и фирми.

Имено, роднина на претседателот успеал да префрли 21 милион евра три дена пред критичната средба на еврогрупата на која беше одобрен економскиот план за спас со кој е предвидено одданочување на банкарски депозити над 100 илјади евра.

Претседателот ги негира написите.

Кипарскиот весник Харавги објави дека компанија блиска до претседателот префрлила во два наврата 21 милион евра во две банки во Англија – Барклис и филијала на Банката на Кипар во Велика Британија.

Список со имиња на 132 фирми и физички лица кои повлекле депозити од Народната банка објави сајтот Прото тема. Тие префрлале пари 15 дена од 1 до 15 март.

Освен тоа, има и такви политичари, државни службеници сегашни и поранешни министри, пратеници и претставници на локална власт чии заеми биле отпишани.

Според Катимерини, Банката на Кипар, Народната банка и Грчката банка отпишале долгови на компании, пратеници и претставници на локална власт од милиони евра во изминатите пет години.

Во списокот се и политичари од речиси сите политички партии. Банката на Кипар отпишала кредит од 2,8 милиони евра на хотел кој е поврзан со политичка партија која беше на власт до минатиот месец и значителен број други кредити.

Останува да се види дали ќе успее да ги открие виновниците комисијата која утре почнува со работа во извештај што треба да биде готов за три месеци, коментираат грчките весници.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел