28 Март, 2024
0.0239

Кипарскиот преседан, богатите Руси и крајот на финансискиот Елдорадо!

Објавено во: Анализа 18 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Она што деновиве ќе се случува на Кипар ќе има големо влијание врз еврозоната. Малата островска држава предизвикува огромни главоболки во унијата. Банкарскиот систем е пред тотален колапс. Но впрочем пред колапс беа и Ирска,Грција и Италија но сите барем засега успееја да се спасат. Зошто Кипар е различен? Како што на нас ни е познато Кипар е држава со 1,1 милион жители, но оваа земја и покрај тоа што е дел од ЕУ и еврото е омилено место за паркирање на кешот на Русите. Згора на ова Кипар има скоро 9 пати поголема актива од БДП и тоа го прави проблематичен за спасување. И згора на сето ова се ближат избори во Германија, во најлош момент за Кипарците. Премногу ќе беше за гласачите на Меркел да прифатат спасување на богати Руси. И поради тоа, како што вчера во драматичното обраќање на претседателот на Кипар понудена им е досега никогаш нетестирана варијанта...помош да, но товарот ќе си го носат и вложувачите во банките. Значи ако имате пари денеска во Кипар, ова не е среќен ден за вас. Со оваа одлука сите што имаат пари на сметки во Кипарските банки, всушност ќе бидат оданочени еднократно со по 10 проценти. На тој начин Кипар ќе собере околу 6 милијарди евра и парите кои ќе ги добијат од Европа ќе имаат поголемо оправдување. Зошто оваа одлука е толку страшна? Ефектот кој може да ги предизвика оваа одлука може да биде пеколен. Во најлошата варијанта ова ќе значи дека сигурност за вложувачите не постои. Тоа ЕУ го признава и зошто после ова таквата одлука да не се примени во Грциј или Италија. Е, доколку започне паника на вадење пари тогаш веќе зборуваме за апокалипса. Ниту една банка во светот нема доволно пари да ги исплата вложувачите. На Кипар банкоматите не работат и таму нема вадење кеш, додека не се донесе одлуката. Другото сценарио, кое се надеваме за доброто на светот ќе се оствари е дека Кипар ќе биде изолиран случај, кој е направен бидејќи ЕУ нема интерес да штити руски пари и дека поради релативно малата економија ударот нема да биде толку страшен. Во моментот додека го читате овој текст, по реакцијата на берзите ќе знаете што мислат пазарите. Сепак за да се види вистинскиот ефект ќе биде потребен уште некој ден. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот