23 Април, 2024
0.0263

Интервју со Петер Казначеев, Менаџинг партнер,Khaznah Strategies LTD.

Ќе биде ли нафтата главен извор на енергија во следните 50 години?

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Дали нафтата ќе биде главниот извор на енергија во следните 50 години?

Ако Реј Курцвеил е во право во врска со добата на „технолошка сингуларност“, до која се доближуваме, тогаш одговорот на прашањето ќе биде „не“. Главното прашање не е дали нафтата ќе биде заменета како гориво, туку што ќе ја замени. Компаниите и државите се обидуваат преку разни алтернативни горива, но се чини дека е премногу рано да се каже кое од нив ќе биде прв избор на следните генерации.

Дали обновливите извори на енергија се вистинска алтернатива на вообичаените извори, и дали потрагата по алтернативни извори е само за да се намалат издувните гасови?

Светот нема да застане само на нафтени горива, ќе продолжи кон нешто друго и според тоа сметам дека псотои реална алтернатива. Изборот на оваа алтернатива ќе биде поттикнат помалку од нервоза во врска со климатските промени , туку чисто од економски побуди.

Со оглед на постојната технологија, како може една мала држава како Македонија да го зголеми производството на електрична енергија?

Македонија има еден главен производител на струја (РЕК Битола) кој генерира околу 70 отсто од целокупната потрошувачка во земјата. Колку што знам, освен некои минорни новитети, генерирањето на струја најмногу се заснова на стара опрема која не е во чекор со потребата од зголемување на производството. Како последица на ова, Македонија треба да увезува околу 30% од електричната енергија. Исто така, не е од корист тоа што РЕК Битола е државен монопол. За да се промени сликата постојат два веројатни приода: а) де-монополизација; привлекување на приватни/интернационални инеститори и б) диверзификување преку помали капацитети за генерирање електрична енергија, како штосе хидро турбините. Мислам дека веќе има еден проект за 50 мали хидроелектрани. Хидроелектраните можат делумно (а дури и целосно) да го заменат увозот на електрична енергија во Македонија.

Како може Македонија да ја зголеми добивката од рудните ресурси?

Ќе напоменам две успешни приказни кои можат да служат како пример за реформи во Македонија. Првата е Чиле, земја која иако не е мала економија, сепак служи како урнек за многу други, големи и мали земји каде што се црпи руда. Чилеанската стабилна институционална и регулаторна рамка ги задржа инвеститорите во земјата за време на турбулентните економски околности во Јужна Америка во деценијата на 1990те; благодарение на тоа Чиле ги натпревари регионалните играчи. Реформите во рударскиот сектор беа кристализирани со Уставниот закон за рударство од 1981. Овој закон е еднократен правен зафат што ги подвлекува правата и обврските за потенцијални инвеститори, односно концесионерите. Овој Закон ја третира концесијата како приватна сопственост и овозможува на концесионерите да го развиваат рудникот според нивната стратегија и пазарните текови. Исто така, законот дава силна заштита против експропријации. Битно е да се истакне дека постоењето и укинувањето на концесијата е во рацете на судската власт, а не кај законодавната или извршната власт.

Другиот пример е Боцвана, која е мала и мошне успешна економија. Од 1966 до 1989 Боцвана беше најбрзорастечка економија во светот која се преобрази од една од посиромашните земји, во земја која е во горниот среден предел на скалата на заработка. Нивниот успех се должи на засилување на институциите и грижливо раководење со приходите од ископот на дијаманти. Ботсвана се води според стратегија на фиксно јавно трошење, што и овозможува на владата да акумулира суфицит во економски-плодните години. Последователните суфицити на добивка кои не се трошат, бидуваат пренесени во боцванскиот Фонд на странски резерви. До средината на 1990те, каматните плаќата на тие резерви станаа најголемиот извор на приходи на владата, по продажбата на дијаманти. Од 1976 до 2008, размената на странски валутни резерви порасна од 75 милиони до 10 милијарди, што е еднакво на покритие на увозот во траење од 33 месеци. Овие резерви го ублажуваат влијанието на ценовна волатилност, што и дозволува на владата да троши пари за јавни работи дури и кога има заладување на пазарите за комодитети.

Дали гасоводот Јужен поток е навистина замрен? Според првичните планови, гасоводот требаше да поминува низ Македонија. Кои се алтернативите?

Никој не може со сигурност да каже што ќе биде во тој поглед. Во сегашната околина за снабдување со гас, течниот гас во Европа пристигнува во изобилство. Освен тоа, во моментов Русија се справува со останати прашања, така што, да се соберат средства за градење нов гасовод ми делува тешко возможно. Сепак се работи за проект од 2000те кога цените на нафтата и гасот беа високи, како и геополитичките амбиции. 

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!