19 Април, 2024
0.0241

Ќе бидеме ли сведоци на враќањето на СССР?

Објавено во: Анализа 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Животот во Русија станува возбудлив. Дознаваме пример, дека ќе има реформа на специјалните служби - на местото на буквално безопасната ФСБ (Федерална служба за безбедност) ќе се појави нова, или подобро кажано подзаборавената веќе структура од времињата на повоениот сталински период - МГБ (Министерство за државна безбедност). А оваа аналогија би можела да значи само едно: дека властите ќе ги „затегнат навртките“ на репресивниот апарат уште повеќе, анализираат од Дојче Веле.

Во времето на Сталин, МГБ се прослави со својата борба против космополитизмот која се претвори во безмилосна и апсурдна битка со Западот и во моќна антисемитска кампања. Оваа кампања, која се претвори во увертира кон масовно затворање на советските Евреи во Сибир, на крајот на сталиновиот период беше доверена во рацете на лекарите - на т.н. „Убијци во бели мантили“.

Имаше и една „ленинградска операција“. Властите едноставно ги објавија локалните политичари на сите нивоа за „непријатели на народот“, по што ги убија. И тоа - по херојското однесување на жителите на градот за време на нацистичката блокада.

МГБ - симбол на репресија

Во креативните кругови на Русија, МГБ беше запаметен по следењето на Ахматова и Зошченко. Последователно МГБ започна да ја тероризира целата советска интелигенција. Дури и за оние кои имаат само површни историски познавања за ерата на Сталин, јасно е дека кратенката МГБ е крајно несреќна - таа има полобен призвук дури и од познатата на сите КГБ.

Зошто ли некој се обидува да ги плаши луѓето со слично име? Дали тоа не е навестување за масовни репресии? Или пак е заканувачки свиткана тупаница против надворешните непријатели? А можеби е удар по корупцијата во истите овие енергетски сектори, која расте со заканувачко темпо? Или е само израз на недостаток на јазично чувство? На сите овие прашања нема да добиете никаков одговор, бидејќи тој едноставно не постои.

Животот во Русија се повеќе почнува да личи на специјална операција со доверливи цели. Сличен развој немало во целата досегашна руска историја. Во времето на руските цареви општеството било изградено во согласност со три основни критериуми: автократија, православна религија и народноста. Комунистите ја внесоа темата за светлата иднина со формулата „од секого - според способностите, секому - според потребите“. Дури во времето на Сталин, кога комунизмот беше смешан со силната императорска свест на вождот, стануваше јасно дека под маската на светската револуција Русија се стреми кон доминација во светот. Па, тоа не се случи сосема, но особено во Источна Европа, беа постигнати големи успеси во таа насока, продолжуваат од ДВ.

За време на Горбачов и Јелцин се продискутира за општочовечки вредности и Русија почна да се подготвува за брак со Западот. Ова исто така не се оствари целосно, но барем беше направен обид. Со доаѓањето на Путин, бракот со Западот брзо се распадна, а верувањето дека може да биде создадено удобно корисничко општество, овена доста подоцна. 

А откако пропаднаа сите илузии за корисничко општество, постепено излезе сликата на тагата по нешто загубено. Почна тагата по распадот на Советскиот Сојуз. Дури политичарите на врвовите почнаа да прават трагични изјави по оваа прашање. Та нели токму тогаш, во сталинските времиња, беше констатирано идеалот за државата на социјалната правда и супердржавността. Останува сега кон социјална правда да додадеме и православие и работата е готова - преземаме назад кон претходната слава!

Назад кон СССР?

Досега не беше прифатено да се зборува отворено за враќање кон времињата на Советскиот Сојуз. Но иако сѐ се маскира во пропагандна магла, движењето во оваа насока е јасно забележливо. А православната црква е убедена дека е дојдено време да се раскинат врските со туѓите за рускиот народ, западни вредности, и да помага за зајакнување на државата. Самата власт, пак, е убедена дека моделот на Советскиот Сојуз е единствениот точен модел за просветниот народ.

Тука сепак одминува еден важен детал. Советскиот Сојуз беше утопија, филозофски изградена врз марксизмот и империјалистичките сонови од 19-тиот век. Но самата држава се крепи најмногу на силата на оружјето и универзалниот страв. Заклучокот е јасен. Носејќи ја оваа утопија во 21-иот век, руските властодршци романтичари го претвораат движењето на Русија во специјална операција, за време на која си го присвоија Крим, продолжија да сонуваат за Нова Русија, дури и по враќањето на старите граници на СССР - барање што е утврдено во политичката програма на Жириновски.

Од сето тоа на соседите им станува прилично страшно, а тој страв ги претвора во нивни непријатели. А населението кое беше лишено од западните стоки, започна да тестира некои сосема реални тешкотии. Впрочем денес му се верува на федералниот телевизор и се гласа, како што се бара од него, за да може некој ден како чудо да се најде во една супердржава, со сите привилегии кои произлегуваат од тоа. Но патот до оваа супердржава е трновит, а потребни се и силни помагачи. Токму тука се вклопува Фантомот МГБ. Не некаков си комитет со нејасни надлежности како КГБ, туку посебно овластено министерство кое ќе се бори со злите сили. Ќе се бори против оние кои надворешно се согласуваат со утопија, но инаку живеат според законите на подлиот капитализам. 

Тоа прво. И второ: Министерството ќе биде неподносливо кон неистомислещите, кон средната класа, која не е никната од утопијата. Трето: тешкотиите кои ги очекуваат широките маси од населението на патот назад кон светлото минато, можат да доведат до спонтани бунтови, како што е познато од советската и руската историја.

Власта во Русија го води народот кон општество, кое е комбинирано од најубавите земји на автократијата и комунизмот. Колку се остварливи овие планови, останува да се види, бидејќи не се знае до каде се протега трпението и преданоста на масите и елитата. Но и од ситуацијата во светот, бидејќи ако не беа рапавоста и дупките на тој утописки пат кој го трасира Кремљ, и ако соседите од Украина не се стрчаа кон Европа, сите Руси уште денес ќе беа веќе во СССР, а МГБ требаше да им биде како добра мајка-заштитничка, завршуваат од Дојче Веле.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!