29 Март, 2024
0.0246

Ќе делува ли НАТО како „афричка слива“ за нашата берза?

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Аспирацијата за влез во НАТО за нашата земја станува поопиплива и пореална, а тој момент шири позитивни вибрации на нашиот пазар на капитал. Иако срамежливо и скромно веќе се видливи посегнувања по некои акции, а на некои се видливи и ценовни растови.

Посетата на Јенс Столтенберг очигледно дека ги стопли срцата и ги подотвори паричниците на инвеститорите на Македонската берза. Индексот МБИ-10 отчита раст за 40 индексни поени за три работни дена, а се очекува да продолжи да расте и денеска додека го читате овој текст. 

Очигледно е дека растат очекувањата на инвеститорите во врска со посетата на првиот оперативец на НАТО и особено на она што очекуваат да го слушнат од него во официјалната изјава која е најавена за денеска попладне. 

Многумина сакаат да веруваат и веруваат дека влезот во НАТО ќе не направи побезбедни, но и побогати. Се плетат приказни за зголемување на цените на недвижностите, но и на акциите котирани на Македонската берза.

Веројатно тоа го побуди апетитот и го вклучи сигналот кај инвеститорите кои сега ценат дека вредносните нивоа на некои акции се потценети и дека има простор да се купува затоа што очекуваат капитални добивки откако Македонија ќе стане членка на НАТО алијансата.

Каде најмногу напаѓаат купувачите?

Видлив прогрес на цените има кај неколку од блу-чип акциите. „Комерцијална банка“ од почеток на оваа седмица за три дена порасна за 150 денари до ценовно ниво од 3.150 денари. Оваа е најтргувана акција оваа седмица и прометот надминува 100.000 евра. Вчера е постигната и највисоката цена со таа акција во период од една година наназад и таа изнесува 3.154 денари. Истргуваното количество акции не го надминува просекот за тековниот месец и не може да се каже дека е зголемен интересот за купување поголеми количества туку дека одреден број инвеститори се подготвени да платат повисока цена за таа акција. 

Сличен тренд е забележлив и кај акцијата на „Гранит“ која бележи раст во последниве три дена од 42 денари. Различно од „Комерцијална“ е тоа што овој раст на цената е проследен со поголеми истргувани количества во споредба со просекот за последните 30 дена. Оваа акција во оваа седмица направи промет од речиси 50.000 евра. 

Солиден раст е забележлив и кај акцијата на ТТК Банка која достигна вчера највисока годишна цена од 960 денари за акција. Од понеделник до вчера таа акција порасна за 80 денари што е раст за 9 отсто и е нависок раст во споредба со другуите акции кои позачестено се тргуваат. Прометот оваа седмица е 18.500 евра. 

Кај „Алкалоид“ една од најтргуваните и најуважени акции оваа седмица нема значајни ценовни промени, но затоа има минимален тренд на пад на цената од 100 денари. Прометот со таа акција за три дена надмина 60.000 евра. 

Сличен тренд има и кај акцијата на „Тетекс“ која стекна педигре на „најдивидендна“ акција. Нејзиниот промет во овие три дена е речиси 80.000 евра, а цената бележи благ пад од 80 денари до цена од 2.000 денари за акција.

Најголем промет во овие денови имаше акцијата на НЛБ Банка кој изнесува 8,7 милиони денари и кај неа немаше ценовни промени и акцијата се тргува во ценовна маргина од 6 денари од 13.194 денари до 13.200 денари за акција.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап