29 Март, 2024
0.1965

Ќе ги добијат ли денеска земјоделците субвенциите?

Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ќе ги добијат ли денеска земјоделците субвенциите?

Во текот на денешниот ден земјоделците очекуваат да продолжи исплатата на субвенциите. Ваква најава земјоделските здруженија добиле од министерството за земјоделство. Иако првично и дадоа рок на актуелната влада дека ако до денеска нема исплата ќе излезат на протести, сепак велат дека откако им било најавено дека денеска ќе започне исплатата, ќе почекаат до средината на неделава. Земјоделците велат дека се согласиле да почекаат оти им било кажано дека се чека официјализирање на новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство кој треба да стави потпис на решението за исплата. Од земјоделските здруженија предупредуваат дека ако се пробие и овој рок , излегуваат на протести.

„Со оглед на тоа дека сеуште се чека да се постави новиот директор на агенцијата, еве ќе почекаме уште два дена.Ни кажаа дека од денеска попладне веќе треба да почнат првите исплати, и дека најдоцна до среда ќе се исплатат задоцнетите субвенции.  Нас овие пари ни се потребни, почнување ново производство, не може без пари. А оваа доцнење на субвенциите ќе влијае врз земјоделското производство“, вели Ристо Велков, од Сојузот на земјоделски синдикати.

Денеска се очекува новиот директор на Платежната агенција Игор Златков,  да го депонира потписот во Централниот регистар, и потоа да стави поптис на решението за исплата на субвенциите.

„ Штом ја комплетирам документацијата и штом го депонирам потписот во Централниот регистар, следниот ден ќе го потпишам решението за исплата на субвенциите“, вели Златков.

Минатата недела Комисијата за спречување на корупција даде позитивно мислење за продолжување на исплатата на субвенциите за земјоделство, што во моментов е стопирана оти се чека формирање на нова влада. Исплатата на субвенциите од Програмата за 2016 година два пати се стопираше.Првиот пат лани кога се закажаа па се одложија предвремените парламентарни избори во јуни, а потоа поради изборите кои се одржаа на 11-ти декември минатата година.Од отктомври  лани, земјоделците не добиле насметка ниту денар субвенции. Со Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2016 година, првично беа планирани 102,7 милиони евра, но потоа со ребалансите на Буџетот, сумата се скуси на 89,7 милиони евра.Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за Програмата за 2016 година, исплатени се околу 34 милиони евра, од кои поголемиот дел се по основ на заостанати долгови од претходната 2015 година. Од Министерството за земјоделство уверуваат дека пари исплата на субвенциите и дека за директните субвенции за 2017 година Владата има обезбедено 100 милиони евра. За оваа година за директни плаќања се предвидени од 99,4 милиони евра.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи