18 Ноември, 2017
0.3748
    ALK 7409.18    0.11%     KMB 2701    -0.03%     MPT 27782.13    -0.78%     STB 934.8    0.37%     TEL 272    -2.82%     TPLF 1656.25    -2.52%

Ќе го следи ли СДСМ блефот на Жерновски за општина Центар?

Објавено во: Анализа 03 Септември, 2017

Подолго време е познато дека градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски не ужива целосна поддршка од своите сопартијци и тоа што досега не му е официјално потврдена кандидатурата за нов мандат оставаше простор за многу шпекулации кој би можел да дојде на негово место.

Ваквата игра на чекање ја прекина самиот Жерновски откако собра 250 потписи со кои може и да се трка за втор мандат како независен кандидат. Доколку СДСМ не го прифати неговиот блеф и официјално не застане зад него туку се реши да избере нов кандидат кој би имал поголема поддршка и популарност тогаш на изборите ќе има две крила што може да биде доста опасно.

Сепак, Жерновски не е Стевчо Јакимовски и ја нема истата позиција на моќ, ниту пак популарност со оглед на големото незадоволство на граѓаните на општина Центар за лошото справување со хигиената, урбаниот хаос и сообраќајните проблеми. 

Жерновски во последното обраќање преку Фејсбук посочи дека сите имаат заеднички непријател, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и дека единствено за заеднички сили може да биде поразен што доволно алудира дека нема потреба да дојде од поделби во СДСМ, но и дека тој нема голема намера да се повлече од изборната трка.

Блефот на Жерновски може да биде одбиен со давање на партиската поддршка за кандидат како Саша Богдановиќ кој го предводи јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар. Софија Куновска која влезе во судир со СДСМ поради пратеничките листи, сега може да добие шанса за кадар како неа кој долго време бил одличен советник на локално ниво како и за зајакнување на внатрепартиското единство така и да се промовира во успешна градоначалничка, но и некое друго партиско изненадување. 

Засега не е познато кој ќе биде кандидат за општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски всушност и не стана градоначалник како дел од СДСМ туку доаѓаше од Либералната партија преку коалицијата во 2013 година. Затоа партиската лојалност на СДСМ кон Жерновски и нема да биде пресудна во изборот туку пред се во оценката за тоа што тој досега го сработи со буџетот на најбогата општина, скандалите и обвинувањата како на јавноста и опозицијата, така и постојаните изговори дека тој е попречуван да работи поради блокадите на „режимот“ наместо да бара соодветни решенија и да прикаже лидерство. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?

Дали Имер Алиу е џокерот за новото владино мнозинство?

Дали Имер Алиу е џокерот за новото владино мнозинство?

Кој сектор ќе добие најмногу, а кој најмалку со новиот буџет?

Кој сектор ќе добие најмногу, а кој најмалку со новиот буџет?

Дали исфрлањето отрови во воздухот треба да се казнува исто како обид за убиство?

Дали исфрлањето отрови во воздухот треба да се казнува исто како обид за убиство?