Добивај вести на Viber
„Financial Times“ повторно ги актуелизира шпекулациите дека видео сервисот You Tube воведува одреден модел на претплата. Според нив, наскоро се воведува еден вид на претплата на специјализирани канали кои ќе емитуваат емисии и филмови.
На почетокот ќе биде овозможена претплата на околу педесетина You Tube канали, за кои месечната претплата за еден канал ќе изнесува 1,99 долари. Изворот на оваа информација пренесува дека сретствата остварени преку оваа претплата ќе се користат за финасирање на поширок спектар на нови содржини како и дека ќе додат нови извори на приходи кои ќе ги остварува овој дигитален видео пазарен лидер.
Од страна на You Tube сеуште нема службено известување за евентуалните новитети.