Ќе има ли простор за Македонците кај бугарските работодавачи?
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2018
Бугарските работодавачи одлучија да побараат од државата да им овозможи увоз на работна сила од Индија, Виетнам и други земји надвор од ЕУ, на најмалку две години.
Доколку се ангажираат работници од далечни земји, на пример од Индија и Виетнам, транспортните трошоци до Бугарија сериозно финансиски ќе ги оптоварат работодавачите и за нив ќе биде поповолно тие трошоци да се распределат во подолг временски период, бараат работодавачите.
Поради големиот број на луѓе кои во 2016 заминале во пензија, работадавачите стравуваат дека ќе останат без доволно работници затоа што добиле податок дека одвај 54.346 ученици завршиле средно образование во 2017 година.
Стапката на невработеност во Бугарија изнесува 5,9 проценти.