19 Април, 2024
0.0261

Ќе има ли војна меѓу САД и Русија во Сирија?

„Русија денес“ ги спореди силите на РФ и на САД во Сирија.

Објавено во: Анализа 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Русија ќе ги употреби неодамна пренесените ракетни системи за одбрана во Сирија за уништување на сите воздушни цели, кои се закануваат на сириските војници, изјави вчера официјалниот претставник на руското МО, ген. Игор Конашенков.

Така руското воено министерство реагира на пораките во американските медиуми за можни удари по позиции на сириските војници од коалицијата предводена од САД. 

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров беше помек во оценките. Тој ги нарече коментарите на Белата куќа на оваа тема балансирани и дека носат надеж за покажување на здрав разум. 

„Русија денес“ пак ги спореди силите на РФ и на САД во Сирија.

Сили на Сирија и Русија

Според официјалната статистика, сириската владина армија и формациите кои ја поддржуваат (ирански, либански и курдски) бројат над 150 илјади лица и имаат над 4.000 тенкови (Т-55 и Т-72). Тие се поставени во речиси позициски борби со силите кои се борат против Асад, откако и двете страни едвај ќе учествуваат на некој начин во акцијата на САД.

Владините сили располагаат и со околу 400 авиони. Не може да се каже за една година бригадите од руски специјалисти колку успеале да ги обноват, зашто има сведоштва дека приоритетни биле радарите и средствата за ПВО. Побрзо проблем кај сириските ВВС е подготовката на пилотите.

Излегоа вести дека Русија ги предала на Сирија првите четири бомбардери Су-24, а треба да станат 12 - првите такви машини Дамаск ги купува пред повеќе од 20 година и се добро познати во сириските ВВС.

Во моментов сириската армија има ракетни комплекси С-200, „Бук“ и други системи за ПВО, кои се наоѓаат во одлична состојба. Се очекува токму Сиријците да употребат С-200 на Американците, откако тие ќе ја завршат „црната работа“ со уверување дека се покриени добро од Русите во воздух и нема да ги снајде противудар.

Јадрото на руската група во Сирија е формирана од ракетни системи за одбрана С-300ВМ „Антеј-2500“ и С-400, како и од 70 авиони - ловци од четвртата генерација Су-30 и Су-35, бомбардери Су-24 и Су-34, и Су-25, позиционирани во авиобазата „Хмеимим“, сервисирани од околу 4.000 луѓе. Во Сирија исто така се користат стратешки бомбардери Ту-22 од Моздок, и базираните во Енгелс Ту-95 и Ту-160.

Во море, руската авијација е покриена од група бродови на чело со ракетниот крстосувач „Варјаг“. Во групата влегуваат ракетниот брод „Дагестан“, малите ракетни бродови „Град Свијаск“, „Углич“ и „големиот Устуг“ од Касписката флотила, подморницата Б-237 „Ростов на Дон“ од Црноморската флота. Разузнавањето се остварува од разузнавачкиот брод „Василиј Татишчев“.

Сили на американската коалиција

Војниците на меѓународната коалиција предводена од САД главно ја покриваат од воздух армијата на Ирак (800 илјади луѓе со 390 тенкови), сириските Курди (над 70 илјади) и силите на таканаречената сириска опозиција (40-60 илјади луѓе).

Американците немаат своја база на територијата на конфликтот. Нивните авиони полетуваат од аеродромите во Кувајт, Катар, Турција, ОАЕ и од носачи на авиони во Персискиот залив и во Црвеното Море. Тоа се ловци Ф-16 „Fighting Falcon“ и Ф-15 „Eagle“, како и најновите Ф-22 „Raptor“ од петта генерација. За стратешки бомбардирања САД користат Б-1 „Lancer“. Носачите на авиони „Џорџ Буш“ и „Карл Винсон“, деструктивецот „Ерли Бурк“ и ракетниот крстосувач „Филип Си“ го обезбедуваат полетувањето и слетувањето на повеќенаменските Ф / A-18 „Super Hornet“ и истрелуваат по позиции на „Исламска држава“ ракети БГМ-109 „Tomahawk“.

Во оваа кампања САД користат околу 200 авиони. Освен тоа, во операциите на коалицијата земат учество ловци и бомбардери од ВВС на Австралија, Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Франција, Холандија, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Едвај сепак некоја од овие земји ќе се одлучи да учествува во слична авантура.

Што може да се случи?

Одговорот е маргинално краток: „ништо“.

Американците е можно да се обидат да ги копираат обидите на Израелците кои ги казнуваат Сиријците за случајно истрелани гранати по Голанската висорамнина на единствен начин - со напаѓање на артилериските позиции кога  топовите не се таму и пустошат се. Недостатокот на жртви заштедува меѓународни скандали, а сериозното предупредување е направено.

На сириските аеродроми најважните магацини со гориво и муниција се распрскани, летовите се управувани од теренски стартни командни пунктови во автомобили. Не ја менува локацијата и не може да се скрие само пистата.

Прво, ќе се одлучи ли сепак Барак Обама во самиот крај на мандатот на ризичен чекор како бомбардирање на сирискиот воен аеродром со непредвидливи последици? Едвај.

Второ, по обелоденувањето за распоредување на современи руски ракетни системи, пробивањето на ПВО бара нешто повеќе од пилотирачки вештини и лична храброст. Веќе беше претпоставено дека Сиријците нема да се замислат да го притиснат копчето. Кој ќе ја преземе одговорноста? Притоа Сирија воопшто не е во сферата на виталните интереси на САД.

Трето, проблематично е дали ракетата „Tomahawk“ ќе ја надмине руско-сириската ПВО. Дури и да успее, таа содржи само 450 килограми силен експлозив и само половина час по ударот нејзиниот кратер ќе биде затрупан и веќе асфалтиран.

Впрочем во рускиот Генштаб сигурно веќе измислиле десетина контрамерки. Што ли сепак ќе се случи ако дел од сириската ударна авијација се префрли во руската авиобаза Хмеимим?

Експертите од Пентагон ќе треба да измислат нешто друго. Едвај сепак ќе се одлучат да дадат преносни системи за противвоздушна одбрана (стингери) и на најдоверливите од опозицијата, бидејќи утре токму таа може да сруши некој авион на коалицијата. 

Американците навлегоа премногу длабоко во калта на сирискиот конфликт, за да продолжат да седат внатре.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!