Ќе има прегласување на едно избирачко место во Чаир
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2017
Прифатена е една тужба од партиите со што ќе има прегласување на едно избирачко место.
Ќе се прегласува на избирачко место 2901 во општина Чаир, прифатен е еден приговор во ДИК. Образложението е дека оваа одлука може да има влијание врз изборниот резултат. Имено, во тоа избирачко место разликата е само 66 гласа а право на глас имаат 719 избирачи.