Ќе имаме ли нова ѕвезда за 5 години?
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2017
Астрономите тврдат дека судирот меѓу две ѕвезди може да доведе до појава на нова ѕвезда.
Велат дека контактот на двата небесни објекти кои се наоѓаат на 1800 светлосни години од Земјата, ќе доведе до појава на нова ѕвезда. Но, таа ќе биде видлива само за период од две или три години.
Научниците објаснуваат дека двете ѕвезди се приближуваат сè повеќе и повеќе една кон друга, што може да доведе до судир во 2022 година. Овој процес се нарекува „црвена нова” и предизвиканата од него експлозија ќе ја зголеми осветленоста на објектот 10 000 пати. Тоа е доволно за да биде виден од Земјата.
Постои шанса една на милион да се предвиди однапред појавата на нова ѕвезда, пишува научното списание „Сајанс алерт”.
Астрономот Лери Молнар и неговиот тим од колеџот „Калвин” во Мичиген предвидуваат дека токму тоа може да се случи со бинарната ѕвезда KIC 9832227. Бинарните ѕвезди се две одделни ѕвезди кои се вртат една околу друга со многу голема брзина.