Ќе ја спасуваат лирата, како?
Објавено во: Економија, Балкан 03 Декември, 2016
Турските финансиски институции ќе работат само со лирата, за да ја спасат валутата.
Во петокот турската лира падна до рекордни 3,55 лири за еден долар.
Турските финансиски институции почнаа да преземаат мерки за спасување на турската лира, поради драстична девалвација во однос на доларот.
Фондот за осигурување на депозити одлучи да работи само со лири.
„Во нашите побарувања нема да се користат девизи, а ќе работиме само со турски лири"- се наведува во соопштението на институцијата.
Пред тоа истанбулската берза исто одлучи да ги врши сите операции со локални пари.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги повика турските граѓани да ги продадат доларите и да купуваат злато и турски лири.
Читајте повеќе
Ердоган кон Турците: Доларите сменете ги во лири!