ЌЕ МОРА ДА „УВЕЗУВААТ“ КАДРИ: Им фалат 10.000 работници
Објавено во: Финансии, Балкан 26 Октомври, 2017
Во туризам, транспорт и градежништво на Хрватите им фалат голем број работници.
Според некои проценки, недостигаат 10.000 работници.
Но, апсурдно е што земја со толку невработени има потреба од работна сила.
Потребни се околу 600 возачи, а законот не дозволува возила над 7.5 тони да ги управуваат лица до 21 година.
Државата планира да го укинува здравственото осигурување на оние луѓе кои ќе одбијат вработување.
Во спротивно, од Стопанската комора велат дека нема да можат да договараат нови зделки и ќе доживеат крах.