18 Април, 2024
0.0242

Ќе почнеме ли да шетаме со јуани во џеб?

Објавено во: Анализа 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

На 1 октомври кинескиот јуан влегува во кошницата на светските резервни валути на Меѓународниот Монетарен фонд (ММФ). Притоа разликите меѓу јуанот и останатите четири валути се очигледни. Тие се флексибилни и нивните обемни курсеви не се предмет на државни интервенции, додека курсот на јуанот се фиксира во тесно определен коридор, а освен тоа постои и државна контрола над капиталот, вели Ролф Лангхамер, поранешен потпретседател на Институтот за светска економија во Кил, за Дојче Веле.

Експертите како Хенинг Фопел, директор на Институтот за светско стопанство (HWWI) во Хамбург, сепак ја сметаат одлуката на ММФ за правилна: „Тоа се одразува сѐ повеќе на растечката економска важност на Кина, но е и начин Кина да биде охрабрена да работи за постигнување на целосна конвертабилност на јуанот“.

Во последните години, Кина постојано работеше за интернационализација на својата валута. Во меѓувреме, јуанот е најчесто користената парична единица во плаќањето меѓу азиските држави. Со усвојувањето на јуанот во кошницата на петте резервни валути во светот, ММФ до одреден степен изразува и одобрение за спроведените од Кина реформи на финансискиот пазар. А фактот дека уште од самиот почеток му беше одреден пазарен удел од околу 11%, со што го зазема третото место по доларот и еврото, покажува дека тоа се случува главно на сметка на позициите на европската валута. Од 1 октомври 2016-та, уделот на еврото во валутната кошница на ММФ ќе падне до близу 31%. Експертите како Ролф Лангхамер, поранешен потпретседател на Институтот за светска економија во Кил, го сметаат ова решение за правилно.

Јуанот ќе стане барана валута

Важноста на еврото во меѓународните плаќања постојано се намалува, бидејќи и неговата улога во меѓународната трговија не е веќе така доминантна. Вклучувањето на јуанот во корпата со резервните валути на ММФ ќе доведе и до зголемена побарувачка на кинеската валута, а централните банки ќе му придаваат поцентрално место меѓу девизните резерви. Сепак, тие не се обврзани да го следат точниот сооднос на валутите во кошницата на ММФ.

Економистот Лангхамер гледа сепак и некои проблеми поврзани со кинеската валута - на пример фактот дека владата во Пекинг нема намера сосема да се откаже од законодавните функции на финансискиот пазар. Барем на краток рок нема изгледи да се дозволи целосна конвертабилност на јуанот, бидејќи се плаши дека такво нешто ќе доведе до потреси на девизните пазари. 

На долг рок, сепак, слободната трговија со јуани е и во кинески интерес, смета Фопел и појаснува: „Кина се обидува да го промени својот модел на економски раст - од прираст, создаван од извоз - кон таков, придвижуван од домашната потрошувачка. Зголемената вредност на јуанот ќе помогне за усвојувањето на овој нов модел“. Според експертот, јуанот би можел да стане целосно конвертибилен по 10-15 години, анализираат од Дојче Веле.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза