20 Април, 2024
0.0296

Ќе преживее ли Трамп до средбата со Путин?

Објавено во: Свет 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По четири години Вашингтон широко ги отвори вратите за рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Неговата последна посета на американскиот главен град беше кон крајот на 2013 години. Оттогаш наваму тој воопшто не беше заминал таму. Требаше да дојде новата американска администрација, па работите да се променат.

Посетата не беше вообичаена. За Лавров беа широко отворени вратите не само на Стејтдепартментот, каде што тој се сретна со својот домаќин, државниот секретар, РексТилерсон, туку и на Белата куќа каде што четириесетина минути разговараше со американскиот претседател ДоналдТрамп. Веројатно оваа средба е „вратка“ за  средбата што ја имаше државниот секретар Тилерсон со рускиот претседател Владимир Путин, неодамна во Москва.

Руско-американските односи се на најниско ниво уште од Студената војна. Оваа констатација е на многумина експерти, но беше искажана во различни видови и од страна на Путин и на Трамп. Токму затоа посетата на Лавров на Вашингтон треба да се смета како мал чекор напред кон подобрување на односите. Особено ако се знае дека во изминатите години се одеше наназад во соработката и тоа со многу големи чекори. Русите за тоа ја обвинуваат администрацијата на претседателот Барак Обама.

По средбите на Лавров соТилерсон и Трамп, тој не го криеше неговото задоволство од разговорите. Претставниците на новата американска адиминстрација тој ги нарече „луѓе за дела“, „кои сакаат да се договараат“. Според него „Трамп јасно ја потврдил својата заинтересираност да гради деловни, прагматични, од заемна полза односи и да решава проблеми“. “Сеганашиот дијалог е ослободен од идеологизираноста, која беше карактерна за администрацијата на Обама“, изјави Лавров на средбата со новинарите по средбите со Тилерсон и Трамп. Мошне интересна констатација. Очигледно Русите одново се на прагот да ја водат дипломатската игра со Американците. Тие го оцениле Трамп на вистински начин. Тој не е политичар, дојде од бизнисот и најмног ушто знае е да биде деловен, прагматичен, без идеологии, само за да направи зделка.

Се уште се свежи сеќавањата со хемиското оружје во Сирија и реакцијата на Обама со „црвените линии“. Тогаш Русите направија голем дипломатски потег и го спасија Башар ал Асад од американско бомбардирање. Сега тие одново се на прагот да го повторат истиот дипломатски успех. Американците, Трамп и неговата околина, постојано зборуваа за зони за безбедност во Сирија. Путин тоа го прифати и сугерира варијанта на „зони за деескалација“. Ќе ја поделат Сирија, а истовремено ќе ги вклучат и САД како гаранти на деескалацијата во некои од зоните. На пресконференцијата во Вашингтон Лавров појасни дека создавањето на меморандумот за такви зони, всушност претставува развиток на американската идеја за нив.-Русите би го поздравиле влогот на САД во реализација на таа идеја, во тие рамки, на југот на Сирија, кадешто САД се особено заинтересирани за стабилизирање на ситуацијата на границата на Сирија со Јордан и Израел, појасни Лавров. Значи веќе се говори за сфери на влијание, а на Русија тоа и одговара. Ем кооперативна со САД, ем по рекласирано ќе ги штити своите интереси во Сирија. Како ќе се реализираат во практика овие зони, останува да се види.

Кога станува збор за Украина тука работите се јасни за Русите, но и за Американците. И едните и другите се повикуваат на спроведување на Минските договори, со тоашто Москва истакнува дека таа е само гарант на тие договори, заедно со Франција и Германија, а треба да ги спроведат Украина и самопрогласените републики на истокот на таа држава. Некои експерти сметаат дека на САД им одговара да не бидат директно вклучени во украинската криза, но да ја поддржуваат Украина, како рак-рана за Русија. Се разбира со пари и оружје. А можеби и за пазарење со Русите. Впрочем во прилог на ова оди и фактот што само неколку часа по средбата со Лавров Трамп во Белата куќа го прими и украинскиот министер за надворешни работи Павел Климкин. Твитерџијата Трамп, по овој повод денес твитна: „Вчера во еден ден имав средби со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин. Дајте да воспоставиме мир!“, напиша Трамп под објавените фотографии во Twitter. Дали ова, наспроти експертските гледања, навестува нова политика на Трамп околу Украина? На пример некоја негова мировна иницијатива!

И нормално кога се во прашање односите САД-Русија неизбежно за американските новинари, пред се, е прашањето за улогата на Русија во ланските претседателски избори во САД.  На оваа тема Лавров прокоментира дека до ден денес никој не дал докази за можно вмешување на Москва во нив. Па ги подучи новинарите, „Ако вие известувате за меѓународните односи и за односите во вашата земја, како новинари, заинтересирајте се каде се тие факти?“

Само неколку часа пред средбата со Лавров, ДоналдТрамп го смени првиот човек на ФБИ, Џејмс Коми. Уште еден повод да се разгорат страстите, овој пат внатре во САД. Дури и Лавров го прашуваа за овој чекор на Трамп. Капак на се беше отстранувањето на американски фоторепортери од средбата на Трамп со Лавров, а на која снимаа фоторепортерот на Белата куќа и „официјалниот“ снимател на руското Министерство за надворешни работи, кој во моментот работел и како фоторепортер на ТАСС во Вашингтон. И нов скандал како добредојден за новинарите на големите американски медиуми. И пак напади против Трамп. Како можел да го дозволи тоа тие да немаат свои фотографии.

Претседателот на американскиот Центар за глобални политики, Николај Злобин, смета дека во тој скандал нема политика, туку тоа е војна меѓу Трамп и медиумите, која е во тек уште од моментот на предизборната кампања. Американските медиуми притискаат и бараат повод, а смената на Коми и скандалот со фоторепртерите беа само повод за нов напад врз Трамп, со цел да се оди кон негово отповикување. Демек, еве Трамп има посебни односи со руските медиуми, го смени Коми заради истрагите околу неговите врски со Русија, Трамп е зависен од Русите...Една антируска еуфорија во која централна фигура е американскиот претседател. Зад сето ова можеби има нешто, но одговорот треба да го дадат пред се истражните органи, обвинителите...

Одговорот на Трамп на ваквите напади беше во негов стил. Па вчера во еден твитнапиша: „Русија мора да се потсмевнува, гледајќи како САД сами се распарчуваат поради желбата на демократите да се оправдаат за поразите на изборите“. И да знае дека се потсмевнуваат, ако една голема држава како САД веќе неколку месеци се занимава со некакви руски траги во нивните претседателски избори. Тоа лошо зборува пред се за САД и за состојбата внатре во американското општество.

Конечно, од разговорите со Трамп, Лавров пренесе дека двајцата претседатели, Трамп и Путин ќе се сретнат на Самитот Г-20, кој ќе се одржи во јули во Хамбург. Дотогаш се најавени интензивни билатерални средби на пониско ниво за подобра подготовка на таа средба. Но дотогаш нема да мируваат ни противниците на Трамп. Сигурно ќе се бара посебна истрага. А ако дојде до неа, и ако се откријат некои незаконски работи тогаш заминувањето на Трамп е неминовно. Ќе преживее ли Трамп, барем до средбата со Путин? 

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено