Добивај вести на Viber
Босна и Херцеговина во последните години загубила голем кредибилитет и тоа може да биде причина да и се укинат парите од фондовите на Европската унија, изјави пратеничката во Европскиот парламент, Тања Фајон.
Таа истакна дека политичарите во Брисел и европските влади полека го губат трпението за БиХ, бидејќи „не се исполнети голем дел од ветувањата што босанските власти ги дале на Унијата“.
„Економската и финансиската ситуација во земјата е лоша, властите не направиле ништо за да ги исполнат обврските кон Брисел и за исполнување на европската агенда. Се надевам дека политичките лидери, на состанокот со комесарот за проширување на први октомври, ќе имаат добри вести“, рекла Фајон.