19 Април, 2024
0.0287

Ќе се чистат 104 километри каналска мрежа во земјава

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

До октомври годинава ќе се исчистат 104 километри каналска мрежа од кои најголем дел се во пелагонискиот регион, а останатите 24 на територијата на цела држава, најави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Акцискиот план е веќе изготвен, а активностите почнуваат веднаш штом се намали нивото на водите, информираше Димовски по работната средба со претседателите на Сојузот на земјоделците и на Аоцисјацијата на земјоделци, Вељо Тантаров и Евтим Шаклев.

„Исчистени се најкритичните каналски правци. Но, има земјоделци кои не се доволно совесни и често се случува дел од каналите за релативно краток период, две до три години, повторно да ги чистиме. Други, пак, кај што се самите насипи, се уништени од неодговорни лица кои го земаат материјалот за други цели, а не за она за што е наменет, за каналскиот систем“, посочи министерот. Во меѓувреме продолжува излевањето на Вардар во тетовско Јегуновце. Мештаните посочуваат дека токму неисчистените канали се една од причините за големите поплави во овој реон. Нивите се под вода, а голем дел од посевите се целосно уништени.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година