19 Април, 2024
0.0260

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: 5 чудни работи кои можете да ги правите легално во некои земји

Објавено во: Стил 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Животот често може да биде ограничен. Но во некои земји законите се полиберални отколку во други, барем во одредени односи. Еве неколку прилично чудни работи, кои сепак се целосно легални, ако сте во вистинската земја.

Во Шпанија е целосно дозволено да се шетате голи. Земјата е позната по многуте нудистички плажи, но всушност таму законот овозможува човек да се шета гол насекаде. Правилото датира од 1978 година  Неколку пати се правени обиди да биде променет овој закон, но засега сите - неуспешни.

Во Индија можете да се омажите / ожените за животно. Најпопуларниот избор се кучињата. Пред некое време пример Индиец направил чудесна прослава за венчавката со куче. Причината? Како мал убил две кучиња и сметал дека така ќе ја откупи вината.

Во Холандија можете да крадете уметнички дела. Според законот во државата ако украдете уметничко дела и тоа е во ваша сопственост 20 години, тогаш станува легално ваше. Ако сепак кражбата е од музеј, периодот е 30 години.

Во Канада можете да побарате државен службеник да ви инјектира хероин. Во Ванкувер има државна структура преку која медицински лица им помагаат на наркомани да си инјектираат хероин. Зависниците ја носат супстанцијата, но вработени им го инјектираат на стерилен, безбеден начин и следат да не дојде до предозирање. Програмата започна пред 20 години, кога Ванкувер го имал највисокиот број наркомани во развиениот свет.

Во Иран можете да си го продадете бубрегот легално. Во некои градови дури се лепат реклами и постери за продажба на органи. Испишани се крвната група и телефонскиот број, дури резултатите од истражувања кои покажуваат дека човекот е здрав. Според некои оваа практика придонела позитивно за здравствениот систем на Иран. Листата на чекање за трансплантација е речиси испразнета.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре