19 Април, 2024
0.0270

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Кои се придобивките ако сте шегаџија во канцеларија?

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Кога колегите се смеат заедно, продуктивноста на работното место се зголемува. Нешто повеќе - луѓето ги гледаат оние кои се шегуваат или раскажуваат вицови, како посигурни и компетентни, покажува истражувањето.

Истражувањето е на Harvard Business School и Wharton School of Business. 

При еден од експериментите 166 учесници биле замолени да го оценат настапот на две компании. Првото претставување било сериозно, а второто - шеговито. Учесниците категорични го определиле вториот презентер за посигурен и за соодветен лидер.

Во друг експеримент на испитаниците им биле дадени пет сценарија за интервју за работа. При првиот кандидатот дава само сериозни одговори на прашањата на менаџерот, вториот овозможува соодветна шега, третиот е груб, но сепак кажува вицеви. Четвртиот кандидат споделува релевантна, но глупава шега за работното место,, а петтиот - несоодветна и глупава. Барањето било да се даде проценка на самодовербата на секој од измислените кандидати.

Се покажало дека иако грубите шеги исто така создаваат претстава за човек со самодоверба, тие го тераат и да изгледа некомпетентен. За сметка на тоа соодветните шеги можат само да ве подигнат во очите на колегите.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган