18 Април, 2024
0.0350

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Овој град урива рекорди со туристички посети

Објавено во: Стил 26 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Њујорк, Лондон и Париз се добро познати како водечки светски туристички дестинации, пишува Statista. И трите градови сепак заостануваат зад Бангкок по популарност.

Тајландската престолнина привлекла 21,5 милиони странски посетители барем за една вечер во 2016 година, со што е лидер на светско ниво.  За споредба, Лондон бил посетен од 19,9 милиони луѓе кои останале барем една вечер во градот, а Париз - од 18 милиони. луѓе.

Неколку други градови на Блискиот Исток и Азија го дополнуваат списокот од 10-те најпосетени градови во светот за минатата година. Дубаи е на 5-то место со 15,3 милиони посетители во 2016 година, а Сингапур е малку по Њујорк со 12,1 милиони луѓе.

Туристите дефинитивно сакаат да трошат, а Дубаи има највисоки  туристички трошоци за минатата година. Во 2016 година посетителите во Дубаи потрошиле извонредни 31,3 милијарди долари, што е многу повеќе од градот на втората позиција - Лондон, со 14,8 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре