Ќе се објават огласи за четири мерки за вработување
Објавено во: Економија 30 Септември, 2016
Oглас за четири мерки за вработување преку Агенцијата за вработување ќе биде објавен следната недела.
Со нив државата на невработените лица им помага да почнат сопствен бизнис. Од овие четири мерки има такви кои делумно се кредитирани со многу поволни услови, а дел се грантови.
„Тука се мерките за самовработување, мерките за младите до 29 години, како и други мерки со кои им се помага на многу луѓе со грант од државата да дојдат до средства со кои ќе може да започнат сопствен бизнис“ - рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при денешната посета на Свети Николе.
Според него, огромен број невработени лица одлучиле да започнат свој бизнис и многу од нив уште го водат тој бизнис и живеат од тоа, а понекогаш вработуваат и други луѓе.
Груевски вели дека овие мерки ќе продолжат и во иднина за да се зголеми вработеноста кај населението.