Ќе се оградува Ајфеловата кула - зошто се презема ваква мерка?
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2017
Ѕид од непробојно стакло со височина од 2,50 метри може да биде подигнат оваа есен околу Ајфеловата кула во Париз, со цел зајакнување на мерките за безбедност околу спомениците, пренесе Франс прес, повикувајќи се на соопштение на париската општина.
Ѕидот би ги заменил грдите метални бариери, поставени околу кулата уште од Европското првенство во фудбал минатата година.
Станува збор за ѕид од стакло, кој ќе го опкружува повеќе суштинскиот дел од градините на Ајфеловата кула, објасни Бернар Годијер, претседател на компанијата, која стопанисува со објектот.
Проектот за ѕидот се вклопува во голем план во вредност од 300 милиони евра. Ова е со цел зајакнување на мерките за безбедност, модернизација на начинот на пречек на посетители и подобрување на условите на посетата на познатата кула.
Самиот ѕид ќе чини 20 милиони евра, пишува весникот „Паризиен".
Ајфеловата кула има во просек по 6 милиони туристи годишно.