19 Февруари, 2018
0.4863
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

Ќе се претвори ли Венецуела во првата пропадната држава производител на нафта?

Објавено во: Економија, Анализа 29 Јули, 2017

Венецуела може да се претвори во првата неуспешна земја производител на нафта, коментира Хелима Крофт, глобален шеф на стокова стратегија во RBC Capital Markets, во своја анализа, цитиран од CNBC.

Венецуела е државата со најголеми резерви на нафта во светот. Ако сепак претседателот Николас Мадуро формира нов законодавен орган - Национално основачкото собрание, земјата "целосно ќе пропадне како држава".

Мадуро нуди новото тело да замени други законодавни органи, вклучувајќи го парламентот, кој во моментов е предводен од опозицијата на Мадуро. Националното основачко собрание пак првенствено се состои од негови приврзаници.

Сите кои се противат на гласањето на новата институција, излегоа на улиците на земјата на протести. САД и други земји се закануваат да и наметнат санкции на Венецуела, насочени кон нафтениот сектор и државната пертолна компанија Petróleos de Venezuela, S.A. (PDVSA).

"Администрацијата на Трамп го  предупредила Мадуро поради гласови и сериозно размислува да ги насочи мерките против нејзиниот нафтен сектор, па дури и да го забрани венецуелскиот увоз во САД или пак на државната нафтена компанија да користи долари за трансакциите", вели Крофт.

"Секоја ваква мерка би имала исклучителни економски последици", вели таа.

Хелима Крофт додава дека девизните резерви на Венецуела неодамна паднаа под 10 милијарди долари, па ваквата мерка ќе има енормен притисок врз PDVSA ако компанијата сака да го избегне неуспехот на обврските.

Економијата на Венецуела се потпира речиси исклучиво на милоста на нафтената индустрија. Секторот придонесува за 95% од извозот. Недостатокот на инвестиции сепак силно го стеснува профитот.

Падот на цената на нафтата од 2014 година, исто така, сериозно ја отежна земјата. Меѓународниот монетарен фонд очекува дека инфлацијата ќе се зголеми за 720% оваа година.

"Ако Мадуро не ја смени одлуката во 12 без 5, Венецуела изгледа ќе стане првата земја производител на нафта, која банкротирала", заклучува Крофт.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР: Многу имиња, една фотеља!

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР: Многу имиња, една фотеља!

Транспортерите на ФЕНИ блокираат патишта за да не бидат извисени

Транспортерите на ФЕНИ блокираат патишта за да не бидат извисени

Стартувани преговорите за поевтин роаминг со Бугарија

Стартувани преговорите за поевтин роаминг со Бугарија

Централен регистар ќе работи турбо за прием на годишните сметки

Централен регистар ќе работи турбо за прием на годишните сметки

Колку струја е потребно за да „заработите“ 1 биткоин?

Колку струја е потребно за да „заработите“ 1 биткоин?

Зошто Владата вложи 1 милион евра во акции на МЕР?

Зошто Владата вложи 1 милион евра во акции на МЕР?

Свежи јајца и свежо месо на фејсбук: Кој не штити од измами

Свежи јајца и свежо месо на фејсбук: Кој не штити од измами

Савески: Зголемување на старосна граница за пензионирање да е последно решение по кое ќе посегне Владата за да го спаси ПИОМ

Савески: Зголемување на старосна граница за пензионирање да е последно решение по кое ќе посегне Владата за да го спаси ПИОМ

Треба ли да се подготвиме за уште една финансиска криза?

Треба ли да се подготвиме за уште една финансиска криза?