ЌЕ СЕ РЕШАВА ЛИ ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ДАВОС: За половина час средба Заев-Ципрас
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018
Во 15 часот е закажана средбата меѓу двајцата премиери Заев и Ципрас.
Тие на маргините на форумот во Давос ќе разговараат за темата која ги „зовре“ страстите на Грчките граѓани кои одржаа протести а најавуваат и нов во престолнината на нашиот јужен сосед.
Тема на разгворите на двајцата премиери ќе биде уставното име на Македонија со кое Грција има проблем. За таа тема покасно во Атина и Скопје ќе разговара и преговарачот на ОН Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на двете земји.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас наговестуваше оптимистичко решение:
„Близу сме до решение за одредени прашања. Мислам дека за одредени теми ќе разговараме во среда на 24 јануари во Давос и дека тоа ќе покаже каде се движиме. Никој не врши притисок, ниту дозволува некој да го прави тоа. Секако, грчката дипломатија врши притисок на другата страна како би се отвориле нејзините европски перспективи. Ние не чувствуваме притисок“, вели тој.
Политичари, бизнис лидери, банкари и славни личности учествуваат на четиридневниот форум во Давос кој почна вчера.