18 Април, 2024
0.4722

Ќе стане ли „Скопски пазар“ македонски „Агрокор“?

Објавено во: Економија 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

За камати лани „Скопски пазар“ платил 50 милиони денари, во услови кога приходите од продажба му паднаа за 254 милиони денари. Од приходи од продажба компанијата не може да ги покрие ниту оперативните расходи. Ќе бараат ли акционерите отчет од менаџментот зашто со години наназад „Скопски пазар“ ги губи своите пазарни позиции? Приходот од продажба од 2008 до 2016 година падна за 1,4 милијарди денари!

Приходите од продажба на „Скопски пазар“ лани паднаа за 26 отсто во однос на 2015 година и стигнаа до ниво од 683 милиони денари што е за 254 милиони денари помали приходи од продажба. Очигледно е дека некогашниот македонски трговски гигант ги губи своите пазарни позиции и тоа е во континуитет неколку години наназад.

Оперативните расходи се поголеми од приходите од продажба!

И лани „Скопски пазар“ не успеал со приходите од продажба да ги покрие оперативните расходи. Приходите изнесуваа 683 милиони денари, а оперативните расходи се на ниво од 697,4 милиони денари. Разликата е негативна и е во износ од 14,4 милиони денари. Во 2015 година исто така разликата не била во корист на „Скопски пазар“ и била 6,5 милиони денари. Ова покажува дека расте негативната разлика и дека „Скопски пазар“ од својата дејност не може да ги покрие ниту своите расходи. Овој параметар сигрунос го гледаат и банкарите кога одлучуваат за кредитирање на „Скопски пазар“.
Од расходите се гледа дека фирмата значајно ја намалила својата деловна активност и тоа е забележливо преку ставката набавна вредност на трговски стоки за која се издвоени 328,7 милиони денари лани. Во 2015 година за истата намена биле издвоени 525,6 милиони денари речиси 200 милиони денари повеќе. Овој податок повеќе од сигурно укажува на соодносите во обемот на истргувани стоки во маркетите на „Скопски пазар“ лани и во 2015 година. Во услови на намален приход од продажба трошоците за вработените остануваат на речиси исто ниво. Лани изнесуваат 153,4 милиони денари и се за 3 отсто пониски. Многу е веројатно дека трошокот за вработените е проблем на „Скопски пазар“. 
Во ваква констелација на односите клучна ставка стануваат финансиските расходи на компанијата. А тие воопшто не се за потценување. Лани за камати или во најголема мерка за камати компанијата платила 50,1 милиони денари односно повеќе од 800.000 евра. За волја на вистината има камалување на тој трошок во однос на 2015 година и тоа за 8 милиони денари односно за 14 отсто. Но сепак со оглед на тоа дека „Скопски пазар“ во континуитет губи пазарни позиции и ги намалува приходите финансиските расходи се значајна расходна ставка која е проблематична. Вкупните кредитни обврски на фирмата, од билансот на состојба, на крајот на минатата година биле 571,6 милиони денари и се 45 милиони денари пониски од тие во 2015 година. На прва од споредбата на бројките се стекнува заклучок дека лани „Скопски пазар“повеќе пари платил за камати одошто вратил главница од долгот, но тоа е само заклучок од ставките во билансите на успех и состојба и можеби и не се прецизни во целост. Но тенденцијата е таква и во тоа нема сомнение односно „Скопски пазар“ плаќа камати приближно еднакви на износот на главницата што ја отплаќа. Коментар не е потребен заклучете сами на нивото на ризик.

Ставаме црта, каков е резултатот?

Од сите горенаведени фактори доаѓаме до „цртата“. Под цртата добивката е само 2 милиони денари (нешто над 30.000 евра) и тие пари се остварени на продажба што надминува 11 милиони евра. Анализата на податоците покажува дека и ваква добивка е резултат на „некаква субвенција“ која е завиткана во „целофанот“ на останатите оперативни приходи. Тие приходи лани изнесуваат 67,65 милиони денари. За истата работа во „паричниот тек“ е видливо дека од продажба на недвижен имот, постројки, опрема или нематеријални средства „Скопски пазар“ лани инкасирал 64,1 милиони денари. Значи дека е видливо дека се работи за продажба на недвижен или движен имот, а можеби и од двете по нешто. И благодарејќи на тоа компанијата ланската година ја завршила со добивка по оданочување од 2 милиони денари. Но има останата сеопфатна загуба која изнесува 12,56 милиони денари и резултатот на крај е загуба од 10,5 милиони денари.

Ќе побараат ли акционерите одговорност од менаџментот на компанијата која неколку години наназад ги губи своите пазарни позиции?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор