ЌЕ ТРАЕ ПОДОЛГО ОД ШТО СЕ МИСЛЕШЕ: Зошто на Британија ќе и требаат повеќе од 2 години за излез од ЕУ?
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2017
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјавил дека верува оти ќе бидат потребни повеќе од две години за да се постигнат сите договори околу излезот на Британија од ЕУ.
„Мислам дека нема да успееме во рок од 24 месеци да ги постигнеме сите договори како Британија би ја напуштила ЕУ и воспоставила целосен однос со европскиот континент“, рекол Јункер на маргините на меѓународната конференција за безбедност во Минхен.
Британската премиерка Тереза Меј рекла дека ќе се активира член 50 од Лисабонскиот договор во март како би се покренале преговорите за Брегзит кои би можеле да траат до две години.
Јункер додал дека најмалку 20 000 закони би морале да бидат променети во Британија пред да може да ја напушти ЕУ, како и дека Британија нема право да ги доврши спогодбите за билатерална трговија додека е уште во Унијата.