20 Април, 2024
0.0264

Класиката е секогаш во мода - Bella капутите низ времето

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Класиката никогаш не излегува од мода. Да, зборуваме за Bella, бренд кој е добро познат по својата линија на зимски капути, совршени по минимализмот и кројот кој природно легнува на телото, идеални за секоја модерна и деловна жена. Препознатливи се по својот секогаш модерен дизајн кој ги следи светските трендови.


Квалитетот и изработката се подобруваат во континуитет секоја сезона и веќе неколку години по ред се користат штофови од природни материјали, мешавина на кашмир и волна, како и 100% природна волна во најсофистицирана и најмодерна изработка.


Уште од 1991 година, Bella капутите се првиот избор за деловните и модерни дами кои сакаат да ја истакнат својата женственост. Од класични волнени велур и фланел во црна и тегет боја, до комбинации на волнени плетенини во најактуелните бои од сезоната, секој модел е скроен со посебно внимание и љубов, со избрани детали кои го прават посебен и различен од другите. Низ годините Bella докажува дека квалитетот и модерниот, но уникатен дизајн, секогаш го примамува срцето на софистицираната жена.


Затоа што врвниот квалитет и трајност на капутите се приоритет, во секоја следна колекција Bella користи сè повеќе природни материјали и работи на подобрување на кројот и изработката. Капутите на Bella се секогаш најактуелни во сезоната, иако трендовски дизајнот е безвременска класика. Оваа сезона можеме да уживаме во топлото и пријатно чувство на плетенини, велур и фланел изработени од едни од најквалитетните суровини – волна и кашмир, кои се исклучително меки на допир, во модерни и женствени кроеви.


Погледнете дел од моделите на Bella капути од изминатите 10 години, и моделите од најновата колекција која е веќе достапна во сите бутици на Bella – во Skopje City Mall, ГТЦ и Буњаковец.


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!